Милошоски: Во одбраната ќе ја користиме силата на аргументите

Како одбрана спремни сме да ги користиме силата на аргументите и сите други потребни докази за да ја увериме и јавноста, дека се работи за правно неоснован и политички мотивиран предмет, изјави Антонио Милошоски, по денешното рочиште за случајот „Моќник”.
 
Во врска случајот, во кој е трето обвинет, Милошоски рече дека ги известил мисијата на ОБСЕ и мисијата на ЕУ да го следат целиот случај од почеток до крај, за како што посочи, и тие да се уверат дека се работи за правно неоснован, но за за жал политички мотивиран случај.
 
– Самото обвинение е компромитирано од две причини. Првото обвинението го има почнато Катица Јанева, поранешна специјална обивнителка. Зборувам за обвинението точно за и со рекетирање, а го продолжува нејзината другарка Фетаи за која Државниот завод за ревизија утврди дека истата незаконски земала 87  илјади евра хонорари токму од  Катица Јанева и СЈО, изјави Милошоски.
 
Обвинителниот акт, посочи тој, е паушален арбитререн, политички мотивирна и без издржани докази.
 
– Не би го коментирал судот, само би го кокментирал Обвинителството и обвинителниот акт.  Дел од Обвинителството е под силно влиание на Владата, а самиот обвинителен акт е арбитререн право неиздржан и политички  мотивиран, изјави Милошоски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега