Милошоски во Обвинителството ќе ги предаде снимките што ги објави на прес-конференција

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да ги предаде снимките што завчера ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер Зоран Заев.

Милошоски на прес-конференција ја објави втората аудиоснимка, во која, како што рече, се слуша гласот на Заев, како тој како премиер донесувал одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.

Првата „бомба“ Милошоски ја пушти за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше Предлог-законот за Јавно обвинителство. На снимката, наводно, Заев разговара со друго лице за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега