Милошоски: Владата треба да одговара затоа што не донесе вакцини

Пратеникот  и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за време на денешната посета на Битола и по средбата со стопанственици рече дека процесот на вакцинација во Македонија е сличен со процесот на добивање на датум  за преговори со ЕУ. Милошоски укажа само дека последиците од доцнење на вакцината се многу сериозни.

„Процесот на вакцинација во Македонија е сличен со процесот на добивање на датум  за преговори со ЕУ. Секогаш владата тврди дека го има и го добила, а гледaме во реалност дека го нема.  За жал во процесот на вакцинација импликациите се многу посериозни. Доцнењето со вакцинацијата во Македонија предизвикува две тешки импликации“, рече Милошоски.

Пратеникот објасни кои се ти две тешки импликации.

„Првата е здравствена и многу луѓе платија највисока цена со живот или со тешки здравствени последици. Втората е стопанството, денешниот разговор во Битола со стопанствениците ни покажа дека отсуството на имунизација во Македонија им создава дополнителни потешкотии на битолските стопанственици. Тие не можат поради непримена вакцина да остават најобични потребни деловни контакти со нивните деловни партнери во Грција и Бугарија“, кажа Милошоски.  

Според него тоа е голем пропуст и Владата носи одговорност за самото непостапување во време кога лекот постои и го има и во соседните држави.

„Сметаме дека овде некој треба да одговара и поради непостапувањето. Ако вие непостапувате и на граѓанинот кој плаќа даноци не му овозможите здравствено лекување тогаш го доведувате во опасност неговото здравје и живот, а со самото тоа му попречувате и на стопанството во целата држава“, рече Милошоски.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега