Милошоски: Толку ли многу тајни знае Катица за тоа кој од власта е вмешан во Рекет

ВМРО-ДПМНЕ денес предложи Собранието да ја разреши СЈО Катица Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители за спец.обвинителка да биде разрешена, објави пратеникот Антонио Милошоски.

- „Дополнителен аргумент е што Јанева е во притвор и е осомничена за случајот Рекет, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски. Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Катица Јанева да биде разрешена од позицијата спец јавен обвинител.
Интересно е да се знае кој заеднички договор со осомничената го има власта што се уште ја штити обвинителката Катица Јанева. Толку ли многу тајни знае Катица Јанева, затоа што таа знае премногу информации за тоа кој се од власта е вмешан во Рекет“-напиша тој на својот Фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега