Милошоски: Со ратификација во Комисијата за европски прашања се крши законот и ова не е првпат

 

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој е и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика реагира на одлуката на Владата Предлог-законот за ратификација на Договорот со Грција да се испрати со европско знаменце во Собранието, бидејќи на тој начин оди на расправа во Комисијата за европски прашања, пишува МКД.МК.

Ратификациите се законска надлежност на Комисијата за надворешна политика како матично работно тело во Собранието. Сѐ друго е кршење на законот”, изјави за МКД.мк Милошоски. 

Според него, Владата ја злоупотребува својата позиција со цел да ја „протурка” ратификацијата на Договорот со што помалку расправа.

Милошоски коментира дека ова не е прв пат да се крши правилото, бидејќи истото беше неправено и со Законот за јазиците. 

Според Деловникот, Комисијата за надворешна политика разгледува прашања кои се однесуваат, меѓу другото на:

-Надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации, Потреба од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори, Ратификација не меѓународни договори. 

Владата денеска го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Грција и соопшти дека ќе го испрати во Собранието. 

 

 

 

 

18.06.2018 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега