Милошоски: Со оваа влада не само граѓаните, туку целиот политички систем живее во една правна несигурност

Оваа вонредна прес конференција ја свикуваме затоа што владата на аболицираниот Зоран Заев свика вонредна седница на која што на вонредна владина седница се расправаше за една измислена тема носење на автентично толкување на членот 11 од законот за помилување кој што е донесен 1993 година, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Седум дена владата на аболицираниот Заев ја замајува јавноста со измислена тема која што имаше за цел да ги покрие нивните неуспеси во економијата, во корупцијата, во правосудството, во животната средина, во здравство и во се друго, а, граѓаните да се занимаваат за нешто што било или не било пред три, пет или дваесет и пет години. Апсурдот да биде поголем оваа правна неписменост на Владата на аболицираниот премиер Заев заврши со Комисија за законодавно правни прашања во која што мнозинство има владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ, кои што замислете донесоа заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11 од законот за помилување, бидејќи таков член воопшто не постоел. Една недела министерството за правда тврди дека мора да има автентично толкување, една недела портпаролот на партијата на аболицираниот Заев држи прес конференции и повикува дека опозицијата мора да гласа за автентично толкување. За на крајот самата Комисија да заклучи дека нема потреба од автентично толкување на член кој што не постои. Зошто е ваквиот исход на СДСМ и нивните коалициони партнери затоа што во последен момент станаа свесни дека опозицијата нема да се однесува на начин што ќе им овозможи тие да прават некакви изговори. И второ затоа што сфатија дека доколку Комисијата и Собранието донесат автентично мислење и толкување дека членот 11од законот за помилување не постои тој автоматски ќе мора да стане составен дел односно да се избрише од законот за помилување од 93-та година наваму. И тоа значи дека единствениот политичар корисник на членот 11 за помилување премиерот Заев ќе немаше помилување и случајот „Глобал“ кога беше помилуван 2008 година ќе мораше повторно да се отвори. СДСМ влезе во една стапица повикувајќи ја цела јавност дека мора да се донесе автентично толкување на членот 11, за да на крајот видат дека и министерката Дескоска и премиерот во заминување Заев се правно неписмени и да ги примораат нивните пратеници да не донесат заклучок и да не се изјаснат за членот 11 кој што не постои, а ја замараат јавноста една недела со овој измислен член, истакна Милошоски.

Затоа би сакал уште еднаш да напоменам дека Владата и парламентарното мнозинство очигледно е дека немаат добра координација. И со оваа влада не само граѓаните, туку целиот политички систем живее во една правна несигурност. Која што за жал е промовирана од министерството за правда, потенцираше тој.

-После ваквото фијаско и конфузија во правните состојби и закони сметаме дека СДСМ и аболицираниот премиер Заев е корисно да одговорат на прашањата кои што не им се омилени. Зошто Зоран Заев не прифаќа иницијатива да се донесе закон во кој што аболицирани политичари нема да можат во иднина да се занимаваат со политика или со вршење на јавна дејност? Зошто Зоран Заев избегнува да се измени законот за помилување каде што на било кој политичар ниту сега, ниту во иднина нема да може да му се даде помилување? И зошто Зоран Заев не го прифаќа принципот на измени во Изборниот законик тој кој што ќе биде кандидат за мандатар на новата Влада, да не биде и кандидат за пратеник? Затоа што, тој што ќе обеди ќе формира Влада, а оној кој што ќе изгуби нема да може да се крие зад пратеничкиот имунитет доколку носи било каква одговорност, рече Милошоски.

Сметаме дека на овие прашања Заев треба да одговори, му остануваат уште триесет дена. Помина многу време од ова неспособно владеење на владата на аболицираниот Зоран Заев, ќе поминат уште 30 дена и ќе си честитаме Нова година со „Збогум Заев и никогаш повеќе“, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега