Милошоски поднесе кривична пријава против советникот во Министерството за култура

Пратеникот Антонио Милошоски поднесе кривична пријава против советникот во Министерството за култура, Валмир Азири. Кривичната пријава е за ширење расистички и ксенофобиен материјал по пат на компјутерски систем.

Ова доаѓа откако по инцидентот со претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми, Азири преку Фејсбук повика на насилство врз Милошоски.

-Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците, напиша Азири на Фејсбук.

 

29.06.2022 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега