Милошоски: Одлуката на Владата да воведе санкции против Турција е погрешна

Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник, Антонијо Милошоски смета дека погрешна е одлуката на Владата да воведе санкции кон Република Турција со која Македонија има потпишано Договор за стратешко партнерство, а од неодамна двете земји се партнери и во НАТО.

„Пријателските држави се долгорочен влог“ – твитна Милошоски во пресрет на денешното пристигнување на турска донација во медицинска опрема неопходна за справување со копронавирусот. По Словенија и Унгарија ова е трета земја која испраќа помош за Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега