Милошоски: Очекувам точката за интерпелација за Димитров да се најде на дневен ред во следните 10 дена

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски во вестите на Сител рече дека очекува точката за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров да се најде на дневен ред во следните 10 дена.

Сепак, потсети дека кога во минатото опозициската ВМРО-ДПМНЕ барала интерпелација на пораншениот министер за култура Роберт Алаѓозовски, расправата никогаш не се одржала на пленарната седница.

Во однос на отчетот кој треба Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи да го дадат за преговорите со Бугарија, Милошоски рече дека Македонија удрила со главата во ѕид.

-Договорот за добрососедство наместо да ги отвори вратите кон Европската унија донесе уште едно вето и поголема напнатост и кавги со соседна Бугарија. Затоа, очекувам како матично работно тело министрите да се појават пред Комисијата за надворешна политика, бидејќи оваа Комисија го разгледувала предлог Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија во 2017 година. Ако власта сака да си прави дискусија сама со себе, тогаш тие можат со европско знаменце да се појават на Комисијата за европски прашања која што ја раководи власта, но тогаш ќе покажат дека се плашат од критиките од опозицијата, рече Милошоски.

Вели дека ако власта нема што да крие, тогаш треба да се појават пред Комисијата за надворешни работи.

Законот за попис, пак, според Милошоски е дел од преговори во владејачката гарнитура.

-Гледам дека се приоритет на една или друга партија во коалицијата на актуелната Влада. И сметам дека се во прашање некои политички игри и пазарења. А, самиот Закон за попис по содржина гледаме дека е прилично политизиран бидејќи нема да попишува резидентно население, туку ќе попишува државјани, што сметам дека е спротивно на стандардите на Еуростат и Обединетите нации, рече Милошоски.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа