Милошоски објави нова „бомба“: „Заев не бил само премер, туку и Врховен судија“

 Пратеникот Антонио Милошоски објави нова прислушуван разговор кој рече дека го добил од укажувач.

На објавениот разговор се слуша гласот на Зоран Заев, за кој Антонио Милошоски вели дека сега веќе нема потреба да се потврдува дека тоа е неговиот глас, бидејќи за првообјавениот разгвор исто од страна на Милошоски, Заев од Прилеп потврди дека се работи за неговиот глас.

„Би сакал да укажам дека господинот Зоран Заев претходниот пат веќе призна дека се работи за неговиот глас во аснимката објавена во собрание. Овој пат тоа не е тема, тема е што Заев како премиер дава експлицитно јасен исказ дека тој договарал одлуки заедно со Врховниот суд, а тоа претставува кршење на членови од кривичниот законик. Од самиот материјал може да се види дека Заев цело време бил во тесна и блиска соработка со Јанева. Без него таа не можела да одлучува и постапува самоволно. Лесно може да се заклучи дека биле во тесна координација и зза случајот „Рекет“. Заев јасно посочува зошто му се брзаше на таков нелегален, неделовнички начин да се донесе законот и очајно се залагаше 80 пратеници да гласаат. Овој разговор се однесува на работата на СЈО, на тесната координација на премиерот со Врховниот суд во донесување одлуки, и тоа што Заев и Јанева биле. Заев не бил само премиер, туку бил и врховен судија и специјален обвинител, тоа не е правна држава, тоа е хибриден режим. “, кажа Милошоски.

На прашањето дали стравува од тоа дека може да биде приведен по објавувањето на овие материјали, тој кажа:

„Јас сум свесен дека Заев и неговата фамилија се влијателни и во Обвинителството и во државата и наредувале кој треба или не треба да биде притворен, но после ваков материјал ако некој треба да биде притворен или во најмала рака повикан на распит, тоа е Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега