Милошоски: Најголеми ширачи на лажни вести се Заев, Османи и Димитров

Министерството за надворешни работи на Република Македонија има телеграми и дописи од Брисел кои јасно кажуваат кои земји се ЗА кои се ПРОТИВ преговори и доколку министерот Никола Димитров излезе во јавноста на дебата ќе биде појасно, рече Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија 24.

Ова, тој го кажа, говорејќи за фактот што нема датум за преговори меѓу Македонија и ЕУ бил познат многу порано, а оти власта само лажела и манипулирала кажувајќи лани овој период дека датум има за што и владините претставници славеа.

Милошоски укажа дека „жално е што Зоран Заев манипилираше со јавноста и жално е што Македонија не го доби датумот кој требаше да го добие во 2009 година, но тогаш немавме решен спор со Грција“. Во контекст на преговорите Милошоски рече дека „најголеми ширачи на лажни вести се Заев, Бујар Османи и Никола Димитров“.

Милошоски повикувајќи се на став на поранешен француски амбасадор во Вашингтон, Обединети Нации и Израел кој е пензиониран, но чиј збор има тежина, укажа дека има можност и во октомври да се одложи процесот да се определи датум за преговори.

-Дипломатот вели ако можевме со заклучок од минатата година кој гласеше дека во јуни 2019 ќе утврди пат за почеток на преговорите, да се избориме тој да се преформулира во октомври ќе се навратиме на ова прашање, тогаш зошто да не можеме и во октомври да најдеме начин да го одложиме давањата на датум за преговори за Македонија, Албанија, информираше Милошоски.

Оттука тој укажа дека ЕУ е збир на 28 држави, збир на толку национални интереси што значи тешко е да се говори дека нешто ќе се случи дефинитвно.

Во таква ситуација, Милошоски рече, сериозна држава во договорот со Грција ќе предвидеше алатки за осигурување. Или како што објасни, Македонија требаше да побара гаранции за датум за преговори со ЕУ кога го постигна Договорот од Преспа.

Според Милошоски во октомври во ЕУ ќе има многу други теми.

-Ќе се зборува за Брегзит, за Буџетот на Унијата, ќе се утврдува составот на Европската комисија. Сето е ова е многу поважно за нив, отколку било што друго, како и процесот на проширување, рече Милошоски.

Според него на ВМРО-ДПМНЕ му одговара многу повеќе датум за преговори со ЕУ зошто тоа значи дека власта ќе има уште една опозиција во Брисел.

-Во ваков период на Македонија и треба вистинско однесување од надлежните во Владата, а не лаги. Требаше одамна да почне да зборува за расположението кај одредени земји членки на ЕУ за проширување. Берлин и Париз понекогаш излегуваат со различни ставови за проширувањето, но тие се извонреден тандем, посочи Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега