Милошоски му одговори на Заев за понудата: Спремни сме да разговараме за експертска Влада ако ја води натпартиска личност (ВИДЕО)

Милошоски му одговори на Заев за понудата: Спремни сме да разговараме за експертска Влада ако ја води натпартиска личност (ВИДЕО)

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека неговата партија е подготвена да разговара доколку екперската влада биде предводена од натпартиски човек. Оваа влада според него, државата би ја водела додека да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.

„Заев со денешната изјава за широка влада прво потврди дека на Македонија ѝ е потребна нова и поинаква Влада, второ мислам дека тезата на Заев потврдува и друго нешто за сегашната влада и сегашното мнозинство се неефикасни и немаат капацитет да се носат со реални и сериозни проекти во време на криза, и трето ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци кажа дека на Македонија посебно пред изборите многу подобро би и дошло да има експертска влада, којашто ќе има капацитет да има поширока поддршка и да понуди реални проекти за излез од оваа криза, што Заев не е способен да ја менаџира“, истакна Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа