Милошоски: Кој не учел, ќе копа биткоини среде град, а граѓаните ја плаќаат струјата

Антонио Милошоски денеска зборуваше за актуелната состојба во Македонија, при што кажа дека инфлацијата е најголема од 1995 година до денес.

„Инфлацијата е највисока од 1995 година до денес. Таа во април беше измерена на 10 проценти, а беше повисока од февруарската за четири проценти. Ако ја земете кумулативно во цела година, инфлацијата ќе биде околу 24 отсто. Тоа значи големо осиромашување на сите граѓани, освен на неколку исклучоци“, почна Милошоски.

„Исклучок е еден талент во образованието, односно двајца таленти – Елвис и Габриел. Тие не учеле.. Кој не учел, ќе копа. Тие копаа биткоини среде град, вашите гласачи ги плаќаат тие сметки. Новинарите ги открија како копаат битокини, но бидеќи и од раководството на МВР се поврзани, никој не интервенира, а ЕВН вели дека сме платиле 100 милиони евра во загуби. За да може Елвис и Габриел да купат Порше во Дубаи, додека професорите се борат за подостоинствена плата“, кажа тој.

12.05.2022 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега