Милошоски ја достави новата снимка до Рускоска: Материјалите се релевантни

Пратеникот Антонио Милошоски во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја предаде и втората аудио снимка на која, како што вели, се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев кој разговара за влијание во судството.

Милошоски посочи дека материјалот, аудио снимката и транскриптите ги предал на обвинителката Вилма Рускоска.

-Направивме уреден записник и од нејзина страна беше споменато дека истиот ќе го обработуваат за да видат која е неговата релевантност. Интересно е да се напомене дека има разлика во изјавата која ја даде поранешниот премиер, дека се сомнева дека го снимале некои пратеници со кои соработувал и самиот транскрипт, каде укажувачот напоменува дека разговорот е воден во присуство на други две лица, едното опфатено со Рекет и другото НН лице. Мое мислење, е дека обвинителството најдобро би било, ако се подготвени, да го повикаат Заев да си даде исказ за тоа кој бил присутен на разговорот, за тие да бидат евентуално и сведоци или втора опција да се земат снимки од камерите во владата каде според протоколот влезот и во владата и во кабинетот на премиерот се под постојан надзор од безбедносни причини. Така ќе може да утврди кој во текот на месец мај 2019 година бил на разговор на оваа тема за да може да се потврди вистината на доставените наводи, истакна Милошоски.

Пратеникот повтори дека снимките ги добил од анономен укажувач и не располага со други материјали надвор од оние кои веќе ги доставил.

-Сметам дека материјалите се релевантни затоа што беа потврдени и од самиот Заев, а во разговорите се гледа дека има сериозни индиции за прекршувањето на основното правило при владеењето на правото, а тоа е мешањето на извршната во судската и обвинителската власт. Тоа се доволно силни индиции за да се почне во најмала рака предистрага, а Заев да го каже тоа што смета да го каже, нагласи Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега