Милошоски: Изградбата на нови железнички сообраќајници е само уште една во низата лаги на СДСМ и Зоран Заев

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски посочи на неколку ветувања и најавени проекти во врска со железничкиот сообраќај од страна на СДСМ и Сугаревски за време на членвувањето на Сугаревски во партиската комисија на СДСМ за транспорт и врска, на која бил претседател сегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски.
 
Милошоски прикажувајќи видео од кампањата на СДСМ ги истакна неколкуте ветувања кои СДСМ и Сугаревски ги ветиле, меѓу кои градски и приградски железнички сообраќај кои би функционирале на 4 линии низ државата од кои една би спојувала со главниот град, односно Скопје. Исто така, најавен бил и проектот на железничко поврзување на аеродромот во тоа време Александар Велики со Миладиновци. Милошоски истакна дека не само што ниту еден милиметар од оваа железничка пруга не е изградена, туку и овој проект повеќе не се ни спомнува како можен потенцијален проект, односно капитална инвестиција.
 
“Ниту јас, ниту пак некој од нас пратениците не знам дека се возел досега на овие линии кои што се ветени во кампањата. Верувам дека ниту некој од граѓаните не го искусил тоа. Очигледно е дека сите овие проекти и ветувања биле само празни флоскули кои биле пласирани до граѓаните за добивање некој политички поен”, вели Милошоски.
 
Веќе три години СДСМ го залажува народот со вакви празни ветувања и лаги во кои ни самите не веруваат кога ги кажуваат. Ниту железницата е продолжена, ниту пак СДСМ планира во блиска иднина да го отпочне тој проект кој кога станува збор за СДСМ, истиот личи на нешто невозможно. На ваквите лаги им доаѓа крајот. Со победата на 12-ти април ќе дојде крајот на сите лаги, криминали и оваа криминогена гарнитура на власт, заврши Милошоски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега