Милошоски: Имаме премиер кој ни самиот не знае дека не може да се предложи за министер

Белизе е единствената земја во светот каде премиерот е и министер за финансии, но овој премиер е најспоменуван за криминал и корупција, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната владина седница каде се дебатира за реконструкција на Владата.

На тоа Заев реплицираше и праша од каде на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им е познато што се случува во оваа земја која важи за даночен рај.

-Не знам од каде ви е познато тоа за Белизе, ама од некаде очигледно ви е познато – рече Заев алудирјќи на истражувачките стории каде се тврдеше дека голем дел од проневерените пари за време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, завршувале во Белизе.

Заев на денешната седница повтори дека законот дозволува со одлука на Владата да се пренесат надлежностите од премиерот на министерот. Како што рече тој, тоа го дозволува и Уставот.

– Не треба да има страв зошто премиерот ќе води минисерски ресор, тоа се случува во многу земји, не сме го измислиле – рече Заев.

Милошоски на тоа реплицираше дека не сака премиерот Зоран Заев да има сличности со премиер кој важи за корумпиран.

-Според законот за организирање за државната управа јасно е напишано дека заменик министер го заменува министерот. Секој потпис на премиерот ќе биде незаконит потпис и ќе биде криминал. Доколку Заев сака да ја концентрира власта и да прави едно евро за некого, едно евро за секого, тогаш треба да го разреши министерот за финансии. Во тој случај заменичката на министерот е надлежна да ги извршува функциите. Ова што денес се случува покажува неефикасност и дезориентираност. Еден премиер кој самиот не знае дека не може да се предложи и за министер покажува дека е нефункционионален. Доколку утре потпишува документи од Министерството за финансии тоа ќе биде злоупотреба на службената положба – рече Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2019 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега