Милошоски: Дипломатски скандал - За советничката на Пендаровски МВР на Италија се „клептофашисти"

Откако италијанскиот весник Ла Верита објави ексклузивни снимки за криминалниот скандал "Рекет" и организираната вмешаност на СЈО, Катица Јанева и дел од владата во истиот, професорката од Правниот факултет г-а Ана Чупеска, изјави дека "тоа е специјална војна која ја водат клепто-фашистите" Матео Салвини и Берлускони од Италија. Ова на Фејсбук го напиша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

- Дипломатски СКАНДАЛ со Италија!

Откако италијанскиот весник Ла Верита објави ексклузивн снимки за криминалниот скандал "Рекет" и организираната вмешаност на СЈО, Катица Јанева и дел од владата во истиот, професорката од Правниот факултет г-а Ана Чупеска, изјави дека "тоа е специјална војна која ја водат клепто-фашистите" Матео Салвини и Берлускони од Италија.
Проф Чупеска има пренесен владин мандат, бидејќи е назначена од МНР Димитров за член на ГР-МК историска комисија, а истовремено е близок советник на Претседателот Пендаровски. Заради државните позиции на кои е назначена, квалификациите на Проф Чупеска дека демократски избраниот министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, е клепто-фашистит, се голема навреда кон пријателска Италија, но и деградирање на угледот на италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Карло Ромео, како претставник на владата на Салвини во Скопје.
МНР Димитров и Претседателот Пендаровски најмалку што можат е да го повикаат италијанскиот амбасадор и да му се извинат за оваа скандалозна навреда кон италијанската влада, а дека тоа не се празни зборови треба да го потврдат и со истовремено разрешување на Проф Чупеска од сите владини тела и државни позиции.
Италија е земја основач на ЕУ, и без разлика на владината провиниенција, секогаш била силен поддржувач на евро-атлантските аспирации на Македонија, а ваквите груби навреди само можат дополнително да ја загрозат позицијата на државава пред очекуваниот октомвриски Совет на ЕУ и расправата за добивање на датум за преговори, напиша Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа