Милионер бара некој со него да патува по светот - нуди голема плата, а ова се условите

Младиот бизнисмен, 26-годишниот Метју Лепре бара асистент кој со него ќе патува по светот и ќе му помага во работата.

Наводно, тој заработува околу 70.000 евра месечно, а подготвен е својот работник да го плаќа 52.000 евра годишно, да патува со него во разни градови.

Асистентот ќе мора со него да патува по САД, Јапонија, Дубаи и Австралија каде Метју држи предавања во приватни компании за онлајн работење.

Освен што ќе присуствува на сите негови работни состаноци, вработениот исто така мора да работи на промоција на неговата работа и профил.

„Платата секако зависи од претходното искуство, како и од неговите вештини. Здравственото осигурување е исто така платено. Често патувам поради работата и уживам во овој начин на живот, би сакал некому да му пружам прилика да ужива со мене“, рекол Метју.

Тој од идниот асистент бара валидна патна исправа, добри компјутерски вештини и да биде подготвен да работи повеќе работи одеднаш.

Инаку, Метју се откажал од факултетот на 23 години, па сам започнал свој бизнис и сега на сметка има милиони, Тој од своите потенцијални кандидати бара да снимат видео во кое ќе се претстават и да му го испратат во пријавата за работа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега