Милијардерот педофил пред смртта поминал време во друштво на мистериозна жена - сите се прашуваат која е таа

Осудениот педофил Џефри Епстајн поминал часови во „приватна соба“ со мистериозна жена откако бил остранет од листата за надзор поради опасност дека ќе изврши самоубиство, пишува Мирор.

Богатиот Епстајн кој бил во затвор под обвинение за заведување и злоставување на малолетнички, извршил самоубиство во својата келија во саботата.

Неколку дена пред смртта, тој поминал два часа со непозната „млада и убава“ жена, открил неименуван извор за Мирор.

Епстајн наводно му платил на својо тим правници осум часа да седи со нив за да може да излезе од ќелијата. Меѓутоа, изворот не знае која е таинствената жена и дали и таа била адвокат.

Милијардерот и жената биле сами во соба која се користи за состанок на затвореници и нивните правни застапници.

Според процедурата, оваа соба се заклучува за време на состанокот и на затворениците им се отстрануваат лисиците.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2019 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега