Милевски очекува средба со Заев: Ќе видиме дали ќе останеме во Владата

ЛДП и ДОМ очекуваат премиерот Заев да ги информира за тоа што се договорил со Гаши за да можат и тие да донесат одлука дали тоа е за нив прифатливо, вели лидерот на ЛДП Горан Милевски

„Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се фокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговори и целата енергија на политички чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени. Очекуваме премиерот Заев и јавноста и нас како коалициони партии да не извести, да знаеме во каква нова влада влегуваме, дали тоа за ЛДП е прифатливо или не. Се разбира тоа е наша заедничка одлука со ДОМ“ , изјави лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

ЛДП и ДОМ имаат три пратеници, а едно министерско место во владата. Сите останати помали коалициски партнери на СДСМ и ДУИ во власта имаат двојно повеќе пратеници отколку Алтернатива на Африм Гаши, а речиси двојно помалку министерски и други раководни функции во владејачката коалиција.
ЛДП и ДОМ сепак нема да можат да влијаат на парламентарното мнозинство кое би останало со 61 пратеник при евентуална нивна одлука да ја напуштат коалицијата.
ЛДП и ДОМ имаа солиден успех на последните локални избори а лидерот Милевски најави дека двете партии сакаат да се позиционираат на центарот и во иднина сами да одат на избори. Политичките аналитичари велат дека ова може да биде добар момент за ЛДП и ДОМ да се дистанцираат од актуелната владејачка структура чиј рејтинг е во слободен пад, без при тоа да предизвикаат некои посериозни потреси на македонската политичка сцена.
Лидерот на ЛДП Горан Милевски е единствениот Министер од оваа коалиција која има само 1 пратеник помалку од партијата на Гаши.

 

06.12.2021 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега