Миле Јанакиески повторно однесен во болница

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска повторно е префрлен во една скопските приватни клиники поради преглед за итна здравствена интервенција, потврди за „А1 он“, неговиот адвокат, Александар Новаковски.

Новаковски изјавил дека дека во четвртокот при прегледот на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна интервенција.

„По одобрение на судот и затворската управа е пренесен на преглед во приватна клиника“, рекол Новаковски за „А1 он“.

Јанакиески веќе еднаш беше примен на преглед откако се пожалил на болки, по прекинот на штрајкот со глад..

За него Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија побара притвор во истрагата поврзана со малверзации за продажба на две парцели за хотел и за популарнтие шпанските скали во строгиот центар на Скопје, и за уште една поголема парцела за хотел. Во истрагата осомничени, покрај него, се уште 10 лица.

На Јанакиески неделава му истекува 30 дневниот притвор за овој случај. Адвокатите реагираа дека за него противзаконски паралено постојат две решенија за притвор и за куќен притвор. Неизвесно е дали Обвинителството ќе предложи до судот поблага мерка за Јанакиески поради здравствената состојба.

Тоје обвинет и во предметие на СЈО, „Титаник“, „ТНТ“, „Топлик“, „Насилство“ и „Траекторија“. За него се отворени и други истраги во СЈО, а Обвинителството за гонење организиран криминал го обвини и како организатор на крвавиот упад во Собранието на 27 април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега