Наместо да биде урната, дивоградбата кај охридскиот Чинар од сношти е новоотворена пицерија.

Од вчера, Нефи Усеини освен советник од ДУИ во општина Охрид, стана и угостител – локалот „Луна“ почна со работа и покрај тоа што е дивоградба со решение за уривање.

Веста со наслов: „Струшкиот градоначалник му ја отвори дивоградбата на охридскиот советник“, ја сподели и Владимир Милчин, поранешниот прв човек на СОРОС Македонија.

-Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум, коментира тој.