Мијатовиќ: Украинските власти треба да ја следат ранливоста на трансродовите лица

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, по повод Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата, ги повика земјите-членки да обрнат внимание на состојбата на ЛГБТ заедницата во Украина поточно на оние кои бегаат од војната, пренесуваат медиумите во регионот.

И покрај тоа што ја поздрави работата на локалните и меѓународните невладини организации во грижата за ЛГБТ, Дуња Мијатовиќ ги повика земјите-членки на Советот на Европа да посветат посебно внимание на пристапот на домување и вработување за овие групи поради негативните политики и ставови кон ЛГБТ луѓе воопшто во голем број земји, каде што избегаа Украинците“.

„Украинските власти, како и соседните земји треба да обрнат внимание на специфичната ранливост на трансродовите луѓе кои треба да ја напуштат земјата“, нагласи таа. Европската комисија покрена правни постапки против Полска и Унгарија за дискриминаторски мерки против ЛГБТ, пишуваат медиумите.

Мијатовиќ потсетила дека стравот од прогон поради сексуална ориентација, родов идентитет и сексуални карактеристики е валиден мотив за добивање статус на бегалец.

Таа изразила загриженост дека истополовите партнери кои бегаат од Украина се соочуваат со тешкотии поврзани со фактот дека нивниот пар или семеен статус не е признаен во некои од земјите што ги примиле.

Таа ја посети Украина на почетокот на мај, и изрази загриженост и за ситуацијата на неколку трансродови жени кои се блокирани во Украина бидејќи ги задржале документите со машки идентитет, пренесуваат агенциите.

Поради воената состојба, Киев не дозволува мажи на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Причина за загриженост е и недостатокот на лекови, кои им се потребни на некои ЛГБТ лица се наведува во извешатите на новинските агенции. Мијатовиќ предупредила дека ранливоста на ЛГБТ луѓето е поголема во време на војна и прогон отколку во мир.

17.05.2022 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега