Мијалков тврди дека не му дал пари на Боки 13 за да излезе од Шутка

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков тврди не му дал пари на Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 за да излезе од притворот во Шутка каде заврши како осомничен за перење пари во случајот на СЈО „Империја“, објави Алсат-М. Неговото име се слушна и во последните прислушувани разговори поврзани со „Рекет“, но и во аудио-записите кои ги објави италијанскиот десничарски весник „Ла Верита“.

 

Во  16 – те аудио записи кои се појавија на „Ју Тјуб“ се слуша глас кој наликува на сведокот во „Рекет“, Камчев, а се споменува името и на Мијалков, кој му е долгогодишен бизнис-ортак. Лани, Камчев од Шутка излезе на 27 декември, а преку „Рекет“ се откри дека за тоа платил 1,5 милиони евра кај Боки 13, Зоран Кичеец и Катица Јанева. Мијалков излезе од притвор два дена подоцна. Денеска Алсат го праша:

– Пред да влезете, ве спомнаа на неколку наврати во „Рекет“. Дадовте ли пари за „Империја“?

„Немам. Немам никаква конекција со тоа“, одговара Мијалков.

Освен во новите прислушувани разговори и оние помеѓу Камчев и Боки 13, Сашо Мијалков го споменаа и сведоци во судницата. Сопругата на Орце, Ана, посочи дека Боки 13 знаел кој ден точно ќе биде уапсен и поранешниот прв човек на УБК, како осомничен за перење пари. Детали за „Рекет“ јавноста освен во судница, имаше можност да чуе и на „Ју Тјуб“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега