Мијалков спроведен во куќен притвор

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков по кого целата држава трагаше во изминатите два дена во овој момент од Обвинителството за организиран криминал и корупција се спроведува во куќен притвор.

Претходно, обвинителите ја повлекоа жалбата наместо куќен, тој да добие затворски притвор.

Мијалков попладнево пеш се појави пред Обвинителство за да го земе решението за куќен притвор. Тврдеше дека бил болен до температура над 40 степени и дури изутрината дознал оти по него трагаат институциите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега