Мијалков од Шутка пренесен во Систина

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков попладнево од затворот во Шутка бил пренесен во Систина, пренесува „Телма“.

Од таму велат дека Мијалков се пожалил на болки во пределот на стомакот, по што добил дозвола од судот да замине во болницата каде ќе остане додека завршат испитувањата.

Инаку Мијалков пред 2 дена ја слушна првата ослободителна пресуда за случајот “Тортура” а осуден е на 2 затворски казни со вкупно времетраење од 20 години.

27.07.2021 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа