Мијалков: Не знам од каде Камчев знаел работи за „Монструм“

Обвинетиот Фејзи Азири го испитуваше сведокот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков на денешното судење за случајот „Монструм“. Тој се интересираше дали била побарана помош од Американска амбасада за расчистување на случајот, пренесува А1он.

„По моето приведување на први мај дали вие имате поднесено досие во врска со осомничените за петкратното убиство во Американската амбасада и дали сте побарале помош за расветлување на овој случај”, го праша обвинетиот Фејзи Азири, а сведокот Сашо Мијалков рече

„Во добар дел одговорив на тие прашања. Како и за други случаи и за овој имаше размена на информации. Не можам да се сетам дали досие сум однел во амбасадата. Јас лично немам побарано помош од нив”.

Разговор меѓу Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска беше цитиран во судницата од страна на обвинетиот Фејзи Азири.

„Има разговор во кој Орце Камчев ја информира новинарката дека е однесено досие во Американска амбасада и побарал четворица од Косово да бидат испратени од таму или они да ги земат. Кои се тие четворица?”, праша Фејзи Азири.

„Јас не знам од каде Орце Камчев ги знае тие работи. Мислам дека се работи за Алир Демири и уште едно лице на кое не можам да се сетам и уште двајца на кои не можам да се сетам”, одговори Мијалков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега