Мијалков има чешко државјанство и лична карта - на распит во МВР повикани и други негови блиски

Вчера во полиција беа повикани синовите, сопругата и братот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, по кого веќе е издадена и меѓународна потерница. Мијалков стана недостапен за институциите неколку дека пред да му биде изречена првостепената пресуда во предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“

Според информациите на Телма, Сашо Мијалков има чешко државјанство и чешка лична карта, но нема пасош на таа држава. Обвинителството смета дека некој ја издал постапката за притвор по што Мијалков дознал и пред да стигнат полицајците на негова врата исчезнал.

Мијалков  е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Обинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна за Сашо Мијалков, а пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега