Михајловски: Ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово

Денеска започнува кампањата  за локални избори 2021, во оваа кампања им посакуваме среќа на сите учесници и им порачуваме дека треба да ги задржиме и угледот и честа и на себеси и на нашите противници, без навреди, без омаловажувања, туку со конкретни решенија да им понудиме подобра иднина на граѓаните. Ние во Куманово, ќе влеземе со добра програма, ќе дојдеме во секое населено место и ќе допреме до секој човек, ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово, порача Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово.

-Се надевам дека во оваа кампања ќе го изберете она што е подобро за нас, подобро за вас, подобро за вашите деца. Слушајте ги сите гласови овие денови, но најмногу слушајте го вашиот глас и знајте дека народот е среќен тогаш кога многу му се нуди, а малку му се бара. Ние сме бројот 7 и тој број се надевам дека ќе донесе среќа за Куманово и за граѓаните на Куманово. На 17-ти, драги мои заокружете го бројот 7 и верувајте оваа урнатина за нас ќе стане минато и првиот проект кој што ќе го направиме во Куманово ќе биде реновирање на Пионерскиот дом во Куманово и ставање на едно големо име како негов наслов, а тоа е Дом за креативни деца и младинци „Живко Пешевски“ во Куманово. Со среќа на сите, истакна тој.

27.09.2021 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега