Михаилоски: 2.400 денари за секој студент за субвенционирани оброци

Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, денеска соопшти дека измената која ја иницираше Социјалдемократската младина, субвенциониран студентски оброк за 40.000 активни студенти е во финална фаза на реализација.

Од први август, како што рече Михаилоски, започнато е аплицирањето за остварување на правото на сите редовни студенти.

Тој потсети дека Министерството за образование и наука веќе објави и јавен повик.

Со ова, според него, 40.000 активни студенти, секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци.

„Со оваа мерка околу 15 милиони евра директно ќе завршуваат на трансакциските сметки на студетните. СДСМ постојано инвестира во унапредување на условите за живот во студентските домови. Минатата година заврши целосното реновирање на најголемиот студентски дом Гоце Делчев. Инвестициите во подобри услови за студентите ги сметаме за капитално вложување во иднината на државата. Токму затоа, годинава започна и Проектот за енергетско-ефикасна рехабилитација на студентските домови, започнувајќи од домот ,,Стив Наумов’’, а ќе продолжи во студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип“, нагласи Михаилоски.

Целта е како што рече, да се обезбедат европски стандарди за студирање и работа дома.

04.08.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега