Мигранти направиле камп во центарот на Париз: Специјалци ги растурија и се судрија со денонстрантите (ВИДЕО)

 

Мигрантите поставија камп во центарот на Париз, но полицијата го растури судирајќи се со демонстрантите кои дојдоа да ги поддржат мигрантите.

Голем број идентични шатори беа поставени на Плоштадот Република, во срцето на француската престолнина, пренесува РТ.

Кампот беше организиран од Утопија56, група која се залага за правата на мигрантите.Организацијата тврди дека станува збор за 450 мигранти кои биле меѓу над 2.000 иселени од импровизираната населба во Сен Дени, предградие на Париз

.

Според нив, тие 450 мигранти не добиле сместување по преселувањето на таа населба, па дошле во центарот на Париз да го бараат.

Сепак, кратко време по поставувањето на шаторот на Плоштадот Република, се појави специјална полиција и започна да го отстранува кампот.

Отстранувањето не поминало во најдобар ред, бидејќи некои од мигрантите одбиле да заминат, а се појавила група демонстранти кои ги поддржувале и имало конфликт со полицијата.

Утопија56 побара од француските власти да обезбедат сместување за 1.000 бездомни мигранти и да создадат постојан систем за прием на мигранти.

Вкупниот број на илегални мигранти кои живеат во Париз е непознат. Групите за правата на мигрантите проценија дека дури 2.000 од нив спиеле на улиците на Париз.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа