Мигранти го демолираа прифатниот центар во Полска – бараат префрлање во Германија

Група мигранти го демолираа прифатниот центар во западна Полска барајќи подобри услови или префрлање во Германија.

Групата од над 100 мигранти ги демолира зградите во кои живеат, кршеле прозорци, ваделе решетки, уништувале опрема, столови, постелнина и кревети барајќи подобри услови или транзиција во Германија или Ирак, пренесува „Ројтерс“.

600 луѓе биле во центарот, но полицијата за кратко време ситуацијата ја ставила под контрола.

Меѓу другото, полската гранична полиција соопшти дека денеска 127 луѓе пробале илегално да ја преминат границата на Полска од Белорусија.

26.11.2021 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа