Мицотакис и грчкото МНР со сочувство за автобуската несреќа: Апсолутно сум шокиран

Преку официјалните „Твитер“ профили грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Министерството за надворешни работи на Грција изразија сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Апсолутно сум шокиран од страшната несреќа и загубата на животи во Бугарија рано утринава, особено на мали деца. Нашите молитви се упатени до семејствата на оние кои ги загубија животите. Брзо закрепнување на повредените, напиша Мицотакис на Твитер.

Од грчкото МНР изразија длабока жалост за „трагичната вест за автобуската несреќа во Бугарија“, сочувство за загинатите и солидарност до Владата и народот на Северна Македонија.

-Изразуваме искрено сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските и нашата солидарност со народот и Владата на Северна Македонија кои жалат за нивните сограѓани, напишаа од грчкото МНР.

Трагедијата со македонскиот автобус од рано утрово е меѓу главните теми во грчките медиуми.

23.11.2021 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа