Мицковски: Заев се слика, јужните слават - не престанувајте да го употребувате името Македонија

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски се обрати пред присутните на протстот против договорот за името во Битола.

- „На овој ден сите бевте на тој историски состанок кога се формираше партијата, дел од целокупната македонска јавност беше со отворени очи и уши, на кој ќе се заснова нашата партија.  На овој ден се основаа месните комитети на ВМРО- ДПМНЕ,независна држава и сопствена армија, валута и се што значи суверена држава. Почит за граѓаните кои тогаш помогнаа за осамостојување на државата. Македонци  ги положиле своите животи за идејата за слободна Република  Македонија. Можеме да избереме како ќе живееме, свесен сум дека очите на јавноста се свртени кон нас, поради сите порази кои ги смисли оваа ненародна власт.  ВМРО-ДПМНЕ го водеше бајракот и се соочуваше со проблемите во тоа време, но ние верувавме во независна слободна РМ. Граѓаните ги положиле своите животи за идејата за слободна Македонија. Можеме да избереме како ќе живееме“, рече Мицкоски.

- Додека Заев се слика јужниве слават. Не престанувајте да го употребувате името Макеоднија, Македонија е основна причина за секој наш чекор и активност. Нашите претци ги положиле своите животи. Тоа било борба за човечки правдини. Без разлика на етничката припадност и без разлика на етничката припадност. Македонија создава маченици и херои. ВМРО-ДМНЕ  е заеднички покрив под кој сите живееме“, рече тој.

 

 

 

17.06.2018 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа