Мицковски по средбата: Немавме што да си кажеме со премиерот

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, по средбата со премиерот Зоран Заев попладнево, пред Владата истакна дека немале што да си кажат со Заев.

 -Немаше нови моменти кои можевме со премиерот еден на друг да си ги кажеме. Побарав средба за да го добијам договорот, откако ќе го анализираме внатре пратиски со сите партиски органи, ќе повикаме консултации со МПЦ, ИВЗ и МАНУ, со овој договор можеби МАНУ нема да го има истото име туку ќе треба да се смени. Сакаме консултаци и со други општествени групи во Република Македонија, би сакале поширок дијапазон на мислења, вели Мицковски.

Додава дека мислењето на партијата за договорот со Грција е непроменето.

 

 

 

13.06.2018 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа