Мицкоски: Знаев дека се мали шансите Владата да падне во Собранието

Опозицискиот лидер Мицкоски вели дека неуспехот на иницијативата за соборување на Владата воопшто не го изненадила. Тој во интервју за белградска Политика вели дека знаел дека шансите да падне Владата преку гласање на доверба во Собранието се мали, но додава дека на таков чекор се решил за да може целокупната домашна и меѓународна јавност да види со што се соочува Македонија.

 „Уште од почетоков знаев дека шансите за тоа се мали, особено што секој демократски потег ќе биде потиснат од притисоци, закани и уцени, но сакав да види и целокупната домашна и меѓународна јавност со што се соочуваме дома во државата. Нема погрешно време за потег со кој уште еднаш се разобличи Владата. Ние покажавме капацитет на обединување на многу субјекти кои имаат свои разлики, но се обединуваме во заложбата за промени и носење на нова иднина“, вели Мицкоски.

Тој додава дека сега веќе не е прашање дали, туку кога оваа Влада ќе падне.

 „На кратко кажано, вистинското прашање не е дали, туку кога оваа Влада ќе падне. Во моментот имаме Влада која има поддршка од пратениците кои ги обезбеди како последица на киднапирање. Пратеник кој ја смени страната мистериозно го снема, за подоцна да се појави, што значи дека политичката криза се продлабочува“, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

16.11.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега