Мицкоски: Замрзнувањето на цените не може да го стопира овој број на зголемена инфлација и намален стандард на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека одлуката за замрзнување на цените на неопходните прехранбени производи може да го ублажи, но не и да го стопира бранот на инфлација и намален стандард на граѓаните.

Вели дека тоа не се прави само со ограничување на цените.

-Тоа е мерка којашто е една од сетот мерки коишто требаше да се преземат. Прво требаше да слушаат уште во април-мај кога им велевме дека ќе дојдовме до оваа ситуација, кога станува збор за енергетската криза којашто е во суштина причинител за оваа инфлаторна спирала. Кога вие имате влезен производ кој два пати, три пати има повисока цена, тогаш логично е и вашиот производ да биде поскап. И логично граѓаните кои го користат тој производ да го платат поскапо. Значи, инфлацијата е увозна, но е и домашна, рече Мицкоски.

Зборувајќи дека за енергетската криза, претседателот на опозициската партија рече дека од 4 милијарди евра, колку што е предвидениот буџет за идната година, околу 14,5 милиони евра наместо да одат за струја се наменети за плаќање на фактурите на добавувачите на РЕК Битола.

04.12.2021 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега