Мицкоски: Законот за една изборна единица не зависи од ВМРО-ДПМНЕ, тоа ВМРО-ДПМНЕ го поддржува, но партиите од власта молчат
„Ние имаме членови од сите етнички заедници, Македонија за сите луѓе – тоа е кампања која што ВМРО-ДПМНЕ ја водеше. Нормално секој кој што има амбиција и квалитети и компетенции да работи за Македонија,а не како оние министри кои што се срамат да кажат дека се македонски министри и кои што се срамат да застанат пред македонското знаме, се добредојдени и јас лично ги охрабрувам и веќе имам со неколку десетици такви Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи разговори да се најдат на пратеничката листа на идната победничка коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ со минимум 61 освоен пратеник“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посетата на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“
Мицкоски додаде дека една изборна единица не зависи од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа не зависи од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува тоа и затоа го повикувам еве и Љупчо Георгиевски, и Маја Морачанин, Павле Трајанов и овој министеров за локална самоуправа Горан Милевски и останатите. Тоа што си е го ветија пред граѓаните, пред народот, тие велеа ако немаме една изборна единица ќе ја напуштиме Владата. еве помина април месец и тоа беше крајниот рок, а денеска сме 14-ти мај, две недели потоа, а нив ги нема никаде, ни да гукнат ни да бекнат. Мила им е власта, привилегиите им се мили, народот тоа го плаќа за жал, но не сфаќаат дека секоја работа има свој почеток и крај. Така што колку побргу сфатат дека крајот доаѓа, толку полесно ќе паднат. Колку повеќе се инаетат, толку потежок ќе им биде падот“, нагласи Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа