Мицкоски: Загрижен сум за корупцијата во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска остварија средба со Џајлс Норман Амбасадор на Канада во Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателот Мицкоски ја истакна загриженоста од високиот степен на криминал и корупција во државата и слабиот капацитет од страна на владата на СДСМ за борба против организираниот криминал, укажувајќи дека изминатите 6 години откако владее СДСМ државата тоне во криминал, а за тоа говорат и фактите дека високи владини функционери се обвинети за незаконито делување и крадење на државни пари.

Во однос на македонската економија, Мицкоски посочи дека економијата е пред целосен колапс а за тоа е директно виновна и одговорна владата на Димитар Ковачевски и СДСМ, бидејќи наместо да понуди добри економски политики кои ќе значат спас за државата и граѓаните од сиромаштија, нудат нереални и задоцнети мерки.
Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната поддршката и соработка, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како нов предводник на новата влада ќе продолжи со интензивна соработка и натамошно унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји“, се вели во соопштението на опозициската партија доставено до медиумите.

 

07.12.2022 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега