Мицкоски: Заев се обидува да поткупува пратеници, можни се и нови избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во емисија на Алфа телевизија тврдеше дека им се приоѓало на претниците и им се нуделе шестцифрени суми, но и привилегии, а сето тоа го потврдиле и самите пратеници.. 

„Згрозен сум од начинот на кој Заев и ова раководство на СДСМ ја разбира политиката. Тие мислат дека се се купува. Луѓето со кои имало ваков обидодбиле брутално. Но, за жал сега имаме таква ситуација кога ова раководство од СДСМ на овој начин ја подразбира политиката. Тие ова го правеа и претходно. Но, овие 44 пратеници веднаш одбиле такво нешто, рече Мицкоски.

Тој додаде дека не ја исклучува можноста да има нови избори наесен ако не се формира нова Влада, но смета дека широка коалиција не би функционирала, а тоа го докажала техничката Влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега