Мицкоски: Заев на лидерската водеше битка да не се стигне до Кирацовски и Ременски

Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, го изнесе својот став за синоќешната лидерска средба која траеше цели седум часа.

- „Свесно чекав СДСМ да изнесе манипулативни брифинзи за лидерската средба вчера. Измислици кои имаат за цел дефокусирање на вниманието. Овие невистини можев да ги претпоставам и не треба човек да биде паметен за да сфати како размислуваат површни луѓе како тие вчера пред мене. Нивната целокупна работа може да стане предмет на истрага на обвинителство. Сите знаеме дека не се чисти и до гуша се во корупции и криминал. Вистина е дека главната борба е да се заштити Зоран Заев и луѓето од власта за одговорност од криминалите", вели тој.

Додава дека до доцна во ноќта имале слика од ученик, потопен во криминал и блед како крпа.

- „Заев сака да може тој да контролира, да заташкува случаи. Тој водеше битка за бегање од одговорност на својата фамилија и соработници. Да не се стигне нити до Кирацовски, нити до Ременски. Затоа Заев сака озаконување на криминалот во сопствените редови. Предметите од СЈО да ги пренесат во Јавно обвинителство. Вака Заев си купи уште некој месец мир, но одговорност ќе има. Соочување со правдата е неминовен процес“, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега