Мицкоски: Заев, ќе морате да ја докажувате Вашата невиност пред суд, одговорност мора да има

На вечерашниот тв дуел гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој зборуваше за реформите во судството, како и за одговорноста која што ќе мора да ја понесе секој политичар кој се огрешил пред законот во Република Македонија.

Мицкоски вели дека Зоран Заев е човекот кој ја опустоши и понижи Република Македонија. Освен криминал, корупција и рекет, друго ништо нема направено за државата. Исто така Мицкоски потенцираше дека тоа што Зоран Заев го има во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, кажува за Зоран Заев и неговата криминогеност и тоа е слика која што народот има право да ја знае.

„Не се тревожете премногу околу тоа дали некому сте ноќна мора или не. Мене не сте ми сигурно. И јас баш би сакал да се видиме и после изборите на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, но тогаш ќе се видиме на едно друго место каде што Вие ќе мора да ја докажувате вашата невиност”, вели Мицкоски.

За некој да ја одбрани сопствената чест, пред се треба да е чесен и честит човек. Зоран Заев не е човек кој може да се пофали со тие особини, напротив, тој човек е извор на незаконски постапки, заврши Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа