Мицкоски: Заев и СДСМ сами се фаќаат во лага, оставките веќе треба да им се напишани

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Интервју“ зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, економската и здравствената криза. Во однос на изјавата од страна на Радмила Шекеринска за вакцините кои што не се донесени во државата, Мицкоски беше дециден дека она тврдење дека вакцините не се донесени за да не се тестираат на македонските граѓани е тотално апсурдно и вон здравиот разум, бидејќи додека граѓаните на околните земји се вакцинираат, македонските чекаат вакцини.

-Шекеринска тврдеше дека вакцините можеле да ги донесат, но не ги донеле поради тоа што потоа граѓаните би велеле дека се предмет на тестирање, односно дека врз нив се испробуваат нетестирани вакцини. Таквото тврдење е апсурдно и несериозно за еден политичар, кој наместо да обезбеди вакцини за сопствениот народ, својот неуспех го прикажува како успех и манипулира со граѓаните. Владата нека не се споредува со земји кои не се членки на ЕУ и не добиле вакцини, туку нека се спореди со оние земји кои не се членки на ЕУ, а сепак кај нив отпочна вакцинацијата. Најблизок таков пример е Србија. Токму затоа, ваквите празни флоскули од типот на оние на Шекеринска, не палат кај народот. Граѓаните имаат сериозна потреба од вакцините и тие мора да бидат набавени час поскоро, а не да слушаме на телевизија приказни за мали деца”, укажа Мицкоски. Тој кажа дека потребно е политичарите од власта да ги засукаат ракавите и нека смислат како да ги донесат вакцините во државата и вакцинацијата да
отпочне, бидејќи и онака доцниме веќе неколку месеци.

-Република Македонија се уште се соочува со пандемијата и секојдневно бележи бројки кои што не се за занемарување, туку напротив укажуваат на фактот дека вакцините се неопходни. Политичарите од власта нека ги засукаат ракавите и нека смислат како да ги донесат вакцините во државата и вакцинацијата да отпочне, бидејќи и онака доцниме веќе неколку месеци.

А политичарите од типот на Шекеринска кои и при вакви ситуации пробуваат неуспехот да го прикажат како успех и да ја затскриваат неспособноста, заслужуваат да одговараат за своите постапки, додаде Мицкоски.

Во бројните критики кон власта и владеење на СДСМ Мицкоски посочи дека е срамота земја аспирант кон ЕУ да биде на 111-то место по корупција и да се споредува со земји како Лесото и Принципе, а за да се промени тоа потребна е општествена поддршка, затоа што власта си ги гледа само крадењето на своите провизии кои ги зема од граѓаните, па по тоа ако се продолжи вака не 111-то место туку 333-то ќе бидеме следната година.

Во однос на извештајот кој се појави по прашање на транспарентност, се испостави дека Република Македонија се соочува со сериозен проблем и чекори во длабока кал, а не е блескава како што ја прикажува Заев. Додека Владата предводена од Зоран Заев ги уверува граѓаните дека земјата е стабилна и дека правдата цути, извештаите кои што ги добиваме говорат спротивно на тоа, односно дека Република Македонија е под 111-то место и се натпреварува со Лесото, Џибути, Сао Томе и слични земји, кои се поразителен факт за нас како земја. Тоа е нешто кое што не ги тангира само нив како Влада, туку секој еден граѓанин на
државата, додаде Мицкоски.

Наместо протожеата на Заев да си пишуваат оставка тие го лажат народот дека корупцијата била перцепеција, индикаторите во извештајот на транспарентност се од последните 2 години. Мицкоски во своето гостување порача дека власта сама се фаќа во лага и потребно е веднаш да си заминат.

-Зоран Заев пробува да изманипулира и да им прикаже на граѓаните дека всушност таа анкета не се однесува на неговата Влада, а на самата анкета пишува дека се однесува на изминатите две години. Повторно сами се фаќаат во лага. Токму затоа овие луѓе треба што побрзо да си заминат и да ги тргнат рацете од државата, а не да се дозволи уште поголемо тонење”, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2021 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега