Мицкоски: Заев го чека пораз и одговорност за криминалот

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле вели дека избори на 12 април мора да има. Неспособниот радикализам на Заев ќе го заменам со умерен патриотизам, најавува Мицкоски.

-Прво, ако нема предвремени избори или дојде до одложување, тоа може да го направи парламентарното мнозинство, а тоа значи дека Заев се плаши  од пораз. Не се плаши толку од пораз, колку што се плаши од одговорноста што следи по поразот. Убеден сум дека нема да има одложување на изборите, затоа што тоа ќе реферира на вториот дел од одговорот - каков ќе биде кредибилитетот на Пендаровски како претседател, кој не собира и носиме заклучок, ако по тој заклучок, Заев, уплашен за одговорноста за криминалот - одлучува да ги одложи тие избори заедно со парламентарното мнозинство. Каков пример ќе оставиме пред граѓаните, ако одлуките на претседателите на најголемите партии се менуваат по нарачка? Мислам дека нема индиции за такво нешто. Предвремени избори на 12-ти април ќе има, техничката влада на 3-ти јануари ќе се случи. По поразот што ќе го доживее Заев, следува одговорност. Го разбирам, уплашен е, знае што направил, знае што се случувало изминативе три години од аспект на криминал, корупција и сите оние понижувања што и ги нанесе на државата. Треба да биде свесен дека мора да има одговорност - вели Мицкоски за Дојче Веле.

Тој во интервјуто посочи дека во ВМРО-ДПМНЕ се формира тимот за техничкта влада.

- Ги креирам контурите на тимот и профилот на личностите. Тоа се луѓе кои 100 дена треба да бидат министри во ресорите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, и како заменици-министри во ресорите администрација, финансии и земјоделие. Многу скоро јавноста ќе ги дознае нивните имиња. Тие треба да осигурат изборниот процес да биде фер, демократски и отчетен - кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека на изборите на 12. април партијата ќе биде фифнасирана од македонски бизнисмен.

- Да бидеме искрени, мислеа на господинот Камчев. Тој излезе со демант еве и јас излегувам со демант. Многу е лошо кога човек влече реминисценции од сопственото однесување. Не разбираат дека има луѓе чесни во оваа држава. Не се сите Луј Витон и ресторан во Југоисточна Македонија со провизија од 5 до 10 отсто. Има чесни луѓе во оваа држава. Има луѓе кои што си ја сакаат  татковината и работат за да биде како што треба. Немаме такво финансирање. Со микрофон во рака шетавме 16 метри кабел и платформа. Така ќе биде и на овие избори најверојатно - кажа Мицкоски

На прашањето зошто партијата не се пресели во помало седиште тој одговори:

- Немаме можности за да се преселиме, затоа што не водиме Луј Витон куфер-политики, а со финансиските можности кои ги имаме на располагање - невозможно е. Треба да плаќаме кирија за такво нешто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега