Мицкоски: Заев е заложник на Ахмети и Груби

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека не може да каже што очекува од преговорите меѓу Владата и Алтернатива, бидејќи тоа е одлука на раководството на Алтернатива.

-Политичко некултурно е да се меша една политичка партија или лидер на политичка партија во одлуките на друга политичка партија. Тоа што тие ќе го донесат како одлука претпоставувам дека тие мислат оти за нив е најдобра таа одлука. Јас сум коментирал пред каков предизвик е исправено раководството на Алтернатива, да биде дел од најкриминалната и најкорумпираната и најнеспособната Влада во овие 30 години и втора работа е да остане во опозиција и да имаме брзи предвремени парламентарни избори. Одлуката е помеѓу тие две опции, трета опција нема, рече Мицкоски.

Прашан како ги коментира наводите кои доаѓаат од ДУИ дека нема да има нов мандатар, туку ќе има реконструкција на Владата на чие чело ќе остане премиерот Зоран Заев, Мицкоски вели тој е заложник на Али Ахмети и на ДУИ.

-Тој е човекот кој ги слуша наредбиде на Ахмети и ДУИ и претпоставувам тој треба да ви даде одговор дали останува или не останува. Јас ќе се задржам на тоа што официјално го знам, а тоа е дека на 12 декември, што претставува само по себе преседан и политичка некултура на отворена сцена, после Изборниот конгрес на СДСМ ќе има таму нов претседател и тој како след на нештата треба да биде мандатар. Тоа што го знам е официјално, а за детали ќе треба го прашате Зоран Заев бидејќи тој е прашалник на Ахмети и Груби. Јас не сум заложник, ниту имам намера, ниту некогаш ќе се доведам во ситуација да бидам заложник на ова дуи, рече Мицкоски.

04.12.2021 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега