Мицкоски: Заев е таткото на спорот со Бугарија, нашиот идентитет е нашата црвена линија

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес на 30-от роденден на УМС ги кажа црвените линии кои според него треба да ги прифати владат на Заев.

– Драги пријатели, национален интерес е и да се бориме за здрава економија, просперитет и развој. А состојбите се повеќе од алармантни. Би рекол – катаклизмични. ЕДНА милијарда евра во буџетот ја нема, а нема проекти. Парите се извлечени преку задолжување и се искористени во поткуп и кражби. Се сеќавате ли на пресовите на оној Тевдовски Данска и Кире Наумов, кои паѓаа во несвест велејќи дека долгот бил цели 38 осто кога ВМРО имаше влада? Е сега тој е 63 отсто, или секој човек, секој жив човек должи над 3500 евра во државава. Наместо 500 евра плата во 2017-та, денес сите имаме 3500 евра долг. А само со новиот ребаланс владата ќе го задолжи секое семејство во земјава со нови дополнителни 500 евра. Воедно, со ребалансот се предвидува и нова давачка а тоа е поскапување на дизел горивата за скоро 4 денари, што ќе биде директен удар за сите граѓани, а особено за земјоделците и транспортерите, што ќе предизвика ценовен шок и нов бран поскапувања на сите производи. Е оваа давачка ја викаат „еколошки данок“. Така, поатрактивно да делува, истакна Мицкоски

12.06.2021 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа