Мицкоски: Заев два месеци ги лаже тутунарите, тутунот стои неоткупен

Велат, само тие кои работеле тутун можат да знаат каква мака е. 2 месеци го гледаме Зоран Заев и надлежните како буквално ги лажат тутунарите водејќи ги кон ѕид, само за да им го откупат тутунот, речиси за без пари. Постојаното лажење и средбите со тутунарите на кои им се ветува сѐ, а потоа ништо не се реализира. Требаше да ги подели земјоделците, за локалните моќници на власта да печалат на маката на чесниот народ, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Додека домашниот тутун седи неоткупен, Владата минатата година дозволи увоз на тутун кој беше поскапо платен од домашниот.

Нема да дозволиме на потта на земјоделците да печалат локалните олигарси, по смена на власта ова ќе биде детално анализирано, не само од министерството за земјоделие туку и од истражните органи. Оваа земја се темели на работливиот народ.

Како човек, но и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ давам безрезервна поддршка на тутунарите.

Веднаш Владата да излезе со гарантирана откупна цена и дополнителна субвенција за земјоделците. Сѐ друго е уште една измама на Заев“ – истакна тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2021 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега