Мицкоски за враќањето на Мијалков: Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук откако поранечниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков се појави во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Побара Владата веднаш да си поднесе оставка

-Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата. Оставка на Владата веднаш, напиша Мицкоски.

По два дена потрага, и со статус на бегалец, Мијалков попладнево се појави во Обвинителството со образложение дека бил болен со над 40 температура и оти за неговата потрага дознал дури утрината.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, најблиските од неговото семејство, членови на приватното обезбедување цели 9 часа беа на распит во Полициска станица. Полициски службеници се обидуваа да го лоцираат Мијалков.

Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата. Оставка на Владата веднаш!

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 23 February 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега