Изборот на Народен правобранител мора да се надмине преку дијалог со пратеничките групи, бидејќи тоа е дел од извештајот на Европската комисија, порача премиерот Мицкоски. Тој најави интензивни разговори во наредниот период за да се одблокира ова прашање.

„Ако навистина сите сакаме земјата да ја видиме како рамноправен дел од ЕУ, не гледам причина зошто едно такво решение да не биде поддржано,“ рече тој.

Во однос на реформската агенда, Мицкоски најави тематска средба со министрите овој викенд или на почетокот на следната недела.

„Мислам дека 8 или 10 од 12-те чекори предвидени за грејс периодот до јуни 2025 се веќе завршени. Најголем дел од обврските за крајот на декември се исто така завршени. Целта е од април да го фатиме чекорот и да бидеме најдобри во Западен Балкан. Потоа оставаме на ЕУ да одлучи дали ќе биде заложник на билатерализација или ќе ги гледа објективните постигнувања,“ истакна Мицкоски.

Exit mobile version