Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за една изборна единица и формирање на партиски комисии, СДСМ тактизира со коалициските партнери

При денешната посета на општина Радовиш во рамки на на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на Тупанчевски и најавите за нов изборен законик повика да се стави таа точка на дневен ред во парламентот и да се усвои бидејќи тоа било и барање на помалите политички партии и коалициски договор со СДСМ, за кој сега СДСМ тактизира.

„Денес, утре, еве веднаш нека ја стават точката за една изборна единица во рамките на парламентот да сите сложно консензуално ја усвоиме таа точка или пак да помине не мора консензуално, има политички партии кои што се против тоа, тие што се таму да ја усвоиме оваа измена за една изборна единица што беше практично и барање на помалите партии, нели Народна на Георгиевски, ДOM на Морачанин, ЛДП на Милевски, Демократски сојуз на Трајанов, и останатите бараа една изборна единица и тоа е колку што знам коалициски договор со СДСМ. Бидејќи СДСМ во моментот тактизира не знае сега дали ќе застане позади овие партии, дали ќе застане позади ДУИ еве ние како ВМРО-ДПМНЕ велиме едноставно е ајде во парламентот да го усвоиме тоа што го бараат овие партии, да имаме една изборна единица, гласот на граѓанинот секаде да тежи подеднакво, па потоа нема проблем ќе составиме работна група која што заедно со Тупанчевски ќе работи на измените на изборниот законик и препораките на ОБСЕ/ОДИХР“ нагласи Мицкоски.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
12.05.2022 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега